Дома Фудбал Англија После шест години во Премиер лигата се враќа – Вулверхемптон!

После шест години во Премиер лигата се враќа – Вулверхемптон!

После шест години во Премиер лигата се враќа тимот на Вулвехемптон.

Иако до крајот им остануваат уште четири натпревари Вулверхемптон го слави враќањето во Премиер лигата бидејќи Фулам одигра нерешено со Брентфорд (0:0).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вулверхемптон веројатно од првото место ќе оди во Премиер лигата додека во последните натпревари за втората позиција жестока борба ќе водат Кардиф, Фулам и Астон Вила.

Трикратниот шампион на Англија зад себе има голема армија навивачи и сигурно дека сите го слават враќањето во елитното друштво. Овој тим во 2009 година успеа да се врати во Премиер лигата и тука се задржа неколку години, но потоа следуваше голем пад и играа дури и во Лига 1 (трето по ранг натпреварување во Англија).

Според многумина „виновник“ за нивното враќање во Премиер лигата е познатиот агент Жорге Мендеш кој со помош на богатите  кинеските сопствници кои го купија клубот доведе повеќе фудбалери. Неговите Португалци беа фантастични оваа сезона и наводно е спремен да доведе нови поголеми засилувања.

Според последните информации најголемото засилување за овој клуб за наредната сезона би требало да биде Андре Силва од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шокантна снимка: Навивач на Хајдук фрли ракета кон трибина со деца (Видео)

На натпреварот имаше нешто повеќе од пет илјади гледачи, од кои 614 беа членови на Торцида…