Покрај се посилните шпекулации за трансфер на Антоан Гризман во текот на летото, од Атлетико тврдат дека Французинот ќе остане во Мадрид.
Имено, генерланиот менаџер на Атлетико Мадрид, Клементе Вијаверде јавно потврди дека до сега немало понуди за Гризман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моментов можам да кажам дека Гризман е играч на Атлетико. Јас зборувам само за факти и реалност, а не за иднината. Тој има договор со нас и никој не прашал за него. Гризман е играч на Атлетико и ништо друго не знам“, изјави директорот на „јорганџиите“.
Како што е познато Гризман има откупна клаузула од 100 милиони евра, па поради тоа Атлетико не се прашува ништо.
Повеќето медиуми тврдат дека Французинот веќе се договорил со Барселона и на крајот на сезоната ќе се пресели на „Камп Ноу“.