Дома Топ вести Куртоа донесе одлука: Си заминува од Челзи, позната и следната дестинација?

Куртоа донесе одлука: Си заминува од Челзи, позната и следната дестинација?

Белгискиот голман Тибо Куртоа одлучи да го напушти Челзи ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пишуваат француските медиуми, ПСЖ успешно ги заврши преговорите со белгискиот голман околу можниот трансфер и сега се чека одговорот на Челзи. Парискиот тим е во потрага по квалитетен голман кој би можел да донесе дополнителен квалитет, а на крајот изборот падна на 25-годишниот голман на Челзи.

Куртоа со „Сините“ има договор до 2019. година. Сепак, преговорите за продолжување на соработката престанаа и наводно голманот одлучил да го напушти Лондон и кариерата да ја продолжи во Париз. Меѓутоа, управата на Челзи нема намера лесно да го пушти Куртоа, но сигурно дека ќе „омекне“ по милионите кои светкаат од Париз.

Одличниот голман е член на Челзи уште од 2011. година. Три години бранеше на позајмица во Атлетико Мадрид, за голман број 1 во Челзи да стане во 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…