Дома Фудбал Легендарниот италијански голман тврди: Буфон требаше да го удри во лице судијата!

Легендарниот италијански голман тврди: Буфон требаше да го удри во лице судијата!

Одлуката на судијата Оливер да досуди пенал за Реал Мадрид во 93-та минута на мечот против Јувентус предизвика многу полемики.

Капитенот на „старата дама“ Џанлуиџи Буфон ги загуби нервите и се нафрли на судијата, за што доби црвен картон, а после мечот без влакна на јазикот го нарече англискиот судија „ѓубре од човек“.

Легандарниот италијански голман Стефано Такони, кој цели 9 сезони го носеше дресот на Јувентус, со својата изјава додатно крена прашина.

Имено, Такони тврди дека Буфон, знаејќи дека ја завршува кариерата, требало да го удри судијата.
„Кога веќе знае дека наскоро ја завршува карирата, требаше да го удри во лице. Тоа би бил одличен крај на една прекрасна кариера“, истакна Такони.

„Не можете да досудите пенал во 94-та минута. Психолошки сите се под притисок, а вие не може туку-така да го решите натпреварот“, додаде поранешниот италијански голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…