Дома Фудбал Буфон: Го направив истото што и Модриќ, Лука може да има одлична сезона

Буфон: Го направив истото што и Модриќ, Лука може да има одлична сезона

Лука Модриќ летово премина од Реал Мадрид во Милан и досега одигра 335 минути во лигата за својот нов тим. Колку брзо се прилагоди на новата средина покажува неговата почетна доминација во лигата, пофалбите од италијанските медиуми, но и зборовите на некои легенди на лигата. Меѓу нив е и Џанлуиџи Буфон, кој го најави неделното дерби меѓу водечкиот Наполи и третопласираниот Милан.

Тоа ќе биде натпревар што ќе се следи и низ призмата на она што можат да го направат Кевин Де Брујне, кој дојде во Наполи од Манчестер Сити, и Модриќ. Буфон не очекува многу голови, но очекува возбудлив натпревар.

„Тие се двајца шампиони. Особено ми е мило што Модриќ игра одлично бидејќи го познавам, а и јас во минатото направив ист избор, односно ја променив лигата на позрела возраст за повторно да најдам одреден поттик и енергија. Без оглед на приказните и скептицизмот на луѓето, се чувствував силно како пред пет години и го докажав тоа. Тој го прави истото, Модриќ со една средба неделно може да има одлична сезона.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…