Иско е на излезни врати од Реал и тоа повеќе не е тајна.
Шпанскиот играч е незадоволен од третманот кој го има со Зидан и сака да биде стандарен првотимец. Тоа очигледно нема да го има во Мадрид, а во јануари за неговите услуги силно загриза Ливерпул. Јирген Клоп го гледаше како идеална замена за Кутињо, кој се пресели на „Камп Ноу“.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Сепак, до трансфер не дојде, а „Don Balon“ тврди дека одличниот играч е во лоши односи со Зидан. Се е поизвесно дека неговата следна дестинација ќе биде Премиер лигата, но не и „Енфилд“. Имено, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити сакаат да го ангажираат ова лето. Поранешниот стратег на Барса и Баерн така би ја исполнил големата желба – да работи со Иско.