Прерано е да се носат заклучоци каде голманот на Рома, Алисон Бекер ќе брани наредната сезона, но изгледа дека тоа нема да биде во Рим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За голманот на Рома сериозен интерес во последно време покажаа неколку европски клубови, пред се Реал Мадрид, Ливерпул и Пари Сен Жермен.
Неодамна реномираниот „Кориере дело Спорт“ пренесе вест според која Реал Мадрид е спремен да плати 60 милиони евра за Бекер и да му понуди договор на пет години со плата од пет милиони евра по сезона.
Сепак, денес од добро упатени навивачки сајтови се појавуваат информации дека скаути на ПСЖ предводени од ветеранот и сонародник на Алисон, Максвел неколку пати присуствувале во Рим каде што на дело се увериле во квалитетите на голманот кој во медиумите има прекар „голманскиот Меси“.
Со оглед дека тој е најважниот играч на Рома оваа сезона, не ниту чудо што неговата вредност се проценува на 50 милиони евра, но доколку Реал и ПСЖ започнат „аукција“ јасно дека „волчицата“ ќе заработи и повеќе.