Како што стојат работите, двајца играчи на лето сигурно ќе го напуштат „Камп Ноу“.
Еден е резервниот голман Силесен кој е цел на Ливерпул, а замената за него е пронајдена во 17-годишниот Турчин, Берке Озер од Алтинторду. Овој млад голман е голго време цел на скаутите, брзо би можел да заигра за „Б“ тимот, но се верува дека ќе седи на клупата, односно ќе биде резерва за Тер Штеген.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од другата страна, изгледа дека Иван Ракитиќ е блиску до заминување, но и дека Барса со сите сили се обидува да го доведе Алаба од Баерн и е подготвена да го понути или Хрватот или Андре Гомеш. Што се однесува на Умтити, тој со гестот против Рома, кога го бакна грбот на Барселона даде надеж дека останува, сега многумина веруваат дека тоа е негова порака и дека ќе се согласи на нов договор.
Меѓутоа, се уште има понуда од Јунајтед, па останува да видиме дали трансферот останува под знак прашалник.