Фудбалерот на ПСЖ, Хатем Бен Арфа вчера одбележа годишнина од последниот настап за клубот.
Одличниот 31-годишен фудбалер на социјалните мрежи објави фотографија на која слави годишнина од последниот настап за ПСЖ, но неговата агонија наскоро би можела да заврши. Бен Арфа кариерата би можел да ја продолжи во американската МЛС лига. Интерес за него покажува канадскиот Монтреал Импакт, тимот кој од клупата го предводи Реми Гарде кој изјави дека го сака во својот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последниот настап за ПСЖ, Бен Арфа го запиша 5. април минатата година во натпреварот на Купот на Франција против нисколигашот Авранчез и од тој момент целосно исчезна од тимот. Причините се непознати, но наводно овој фудбалер има жесток судир со првиот човек во клубот, Насер Ал-Келаифи, кој му наредил на тренерот Унаи Емери повеќе да не може да игра.