Манчестер Сити оваа сезона има многу проблеми во одбраната, па приоритет на Гвардиола во зимскиот преоден рок е доведување на квалитетен стопер.
Англиските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на стоперот на Саутемптон, Вирџин ван Дијк кој може да пристигне на „Етихад“ во зимскиот преоден рок.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ван Дијк игра одлично оваа сезона и за него интерес покажаа сите англиски гигнати, но „граѓаните“ се спремни да ја победат конкуренцијата и да ги платат бараните 50 милиони евра.
Овој Холанѓанец има 25 години, а во Саутемптон пристигна во 2015 година од Селтик и се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.