Дома Фудбал Англија Удар за Клоп и Ливерпул: Еден од најважните играчи во ротацијата ја заврши сезоната

Удар за Клоп и Ливерпул: Еден од најважните играчи во ротацијата ја заврши сезоната

Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп и тоа пред натпреварот против Манчестер Сити.

Како што е потврдено денес од клубот од „Енфилд“ за дефанзивецот Жоел Матип оваа сезона е завршена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дефанзивецот се повреди во натпреварот против Кристал Палас во кој „црвените“ стигнаа до победа од 2:1.

Ова би можело да претставува проблем за Германецот со оглед на тоа што Матип е важен фудбалер во ротацијата на англискиот гигант, а пред да пристигне Ван Дијк од Саутемптон беше и стандарден првотимец.

Статусот на Матип во тимот до крајот на сезоната сега најверојатно ќе го замени Рагнар Калаван.

Ливерпул и Манчестер Сити својот натпревар од Лигата на шампионите го играат утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Леброн Џејмс размислува за заминување од Лејкерс? Еве што открива неговиот агент!

Агентот на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, Рич Пол, се огласи за гласините дека Џејмс б…