Дома Топ вести Медиумите на Островот: Алегри го избрал новиот клуб и станува најплатен тренер во светот!

Медиумите на Островот: Алегри го избрал новиот клуб и станува најплатен тренер во светот!

alegri

Веста се прошири со брзина на „светлината“, а се појави пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите…

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Масимилијано Алегри се договорил со Роман Абрамович и ќе го наследи Антонио Конте на клупата на „сините“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Алегри има договор со Јувентус од 2020 година, на вчерашната конференција истакна дека е среќен во Торино и дека сака да остане, меѓутоа медиумите на Островот тврдат дека тој веќе се договорил со Челзи.

Во веста се наведува и дека Алегри и минатото лето имал прилика да се пресели во Англија, но тогаш одбил да го наследи Венгер во Арсенал.

„Мојата следна работа ќе биде надвор од Италија, тоа е сигурно“, изјави тренерот на Јувентус, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Наводно, Абрамович спремил понуда која Алегри нема да ја одбие. Русинот има намера да го направи Алегри најплатен тренер во светот, а како причина зошто Челзи го сака токму Алегри се наведуваат одличните резултати во Европа со Јувентус.

Покрај тоа тренерот на Јувентус е познат како мирен, никогаш не користи тешки зборови и на прво место му е заштитата на клубот. Има јасен однос кон играчите, не се плаши да повлече радикални потези и до сега успеваше да ја држи соблекувалната под контрола.

Во Јувентус тоа го покажа со откажувањето од Леонардо Бонучи и седнувањето на Паоло Дибала на клупата во еден период од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …