Легендарниот италијански тренер, Марчело Липи го советуваше Масимилиано Алегри да ги игнорира другите понуди и да остане во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Липи се огласи откако се појавија шпекулации дека Алегри би можел да се пресели во ПСЖ или во некој клуб од Англија:
„Нормално е да биде загрижен поради Наполи, но во поглед на неговата иднина не смее да има дилеми – не смее да го напушти Јувентус. И јас имав понуди да заминам но останав бидејќи Јувентус е врв“, истакна Липи, а потоа се осврна на борбата за титулата.
„Кога се ќе ставам на вага, морам да кажам дека Јувентус е фаворит, но разликата е минимална, што покажува и табелата. Во Наполи знаат дека ќе мора да го победат Јувентус во Торино доколку го сакаат Скудетото. Тој натпревар ќе биде одлучувачки“, смета Липи.