Најстариот син на Вејн Руни, Каи наскоро ќе стане дел од фудбалската школа на Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.
7 годишниот Каи пред неколку месеци започна да тренира со развојниот тим на „црвените ѓаволи“, но последните информации велат дека синот на Руни веќе ги променил клупските бои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесе дека неодамна тој почнал да тренира со лутиот ривал Манчестер Сити и дека Руни често може да се забележи во академијата на „Граѓаните“ како од страна ги следи тренинзите на неговиот син.
За голема жал на црвениот дел од Манчестер, капитенот на англиската репрезентација не е прв што го сторил ова. Претходно тоа го сторија и Робин ван Перси, Дарен Флечер, Фил Невил како и фудбалската икона Дејвид Бекам.