Дома Фудбал Репрезентации Се огласи Сампаоли: Јас сум виновен за овој кошмар!

Се огласи Сампаоли: Јас сум виновен за овој кошмар!

Жорге Сампаоли поминува низ тешки моменти на клупата на Аргентина.

После очајните квалификации во кои едвај се избори за пласман на Светското првенство. Сампаоли предзвика голем број коментари со изоставувањето од репрезентацијата на Мауро Икарди и Паоло Дибала.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Во вчерашниот пријателски натпревар против Шпанија неговата репрезентација беше декласирана со 6:1, а Сампаоли целосната одговорност за овој пораз ја презема на себе.

„Моја е одговорноста за поразот. Не ги обвинувајте играчите за овој кошмар, но разликата помеѓу репрезентациите не е толку голема како што покажува резултатот. Извлековме лекција од овој пораз и сигурно нема да ни се повтори“, порача Сампаоли.

Секако, дека по овој пораз сите со нетрпение го чекаат списокот на Аргентина за Мундијалот и дали ќе биде повикан некој од Паоло Дибала и Мауро Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Артета станува еден од најплатените тренери во светот?

Според последните информации кои пристигнуваат од медиумите, Арсенал подготвува нов догово…