Управата на Интер ја одреди цената за својот најдобар стрелец Мауро Икарди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањата на „Corriere dello Sport“, Интер ја одреди цената за Икарди и таа не е мала – 160 милиони евра! Не е тајна дека Интер сака да заработи, но и дека Икарди во моментов е најважен и најдобар играч на Интер. Тој е втор стрелец во Серија А со 22 постигна гола, па според тоа, управата на Интер одлучи да стави цена која не може секој да ја плати.
Можно е поранешниот играч на Сампдорија уште на лето да го промени клубот, а прашање е кој ќе плати толку пари. За играчот се заинтересирани Челзи и Реал Мадрид, па останува да видиме дали Аргентинецот и понатаму ќе им биде приоритет. Икарди има договор со Интер до летото 2021. година.