Живата легенда во атлетиката и човекот кој освои девет златни медали на Олимписките игри, Усаин Болт се подговува да истрча на зелениот терен како фудбалер.
Позната е големата желба на Болт да се докаже во фудбалот. Јамајканецот веќе се договори и тренираше со еден клуб од Јужна Америка, а деновиве одржува тренинзи и со германскиот гигант Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа Болт ќе биде дел од „тимот на светот“ кој ќе игра против американските ѕвезди во хумантирен натпревар наредното лето.
Болт денес доби совет и од ветеранот кој долги години го носеше дресот на Барселона, Чави Ернандез кој важи и за еден од најинтелигентните фудбалери во светот.
„Болт е човек каков што ретко се раѓа, тој е еден од моите омилени спортисти. Никој во историјата можеби не може да се мери со неговата брзина, но фудбалот е сосема друга работа. Едно е да бидеш најбрз човек, друго е фудбалската интелигенција и тоа мора да му биде јасно“, изјави Чави.
ТУКА можете да го погледнете погодокот кој Болт го постигна тренингот на Борусија Дортмунд.