Дома Трансфер зона Челзи испраќа понуда за еден од најдобрите напаѓачи во светот, надежта во Мората е загубена

Челзи испраќа понуда за еден од најдобрите напаѓачи во светот, надежта во Мората е загубена

Челзи ја загуби надежта во способностите на Алваро Мората да биде клучен играч, па се сврти кон нов напаѓач, а како мета е означен Мауро Икарди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ сакаат да го купат вториот најдобар стрелец во Серија А, кој оваа сезона е во одлична форма, а тоа го потврди и овој викенд кога за само 14 минути постигна хет-трик. Во Челзи се подготвени да понудат големи пари за Аргентинецот кој не доби повик во репрезентацијата. Но, се разбира, конкуренцијата е голема, а како што пишуваат медиумите, Реал Мадрид е исто така заинтересиран. Бензема би можел да си оди во Премиер лигата, а потенцијален нов напаѓач би можел да биде Икарди.

Челзи ќе испрати иницијална понуда од 55 милиони фунти, кои се спремни и да ја зголемат. Се уште не е познато колку Реал Мадрид е подготвен да плати за одличниот напаѓач. Челзи има проблеми со Мората кој не успеа да стане играч кој ќе постигне 20+ гола по сезона, а има и физички проблеми. Мората исто така често се повредува, па Конте е принуден да го користи Азар како напаѓач. Како конкуренција е доведен Жиру, но прашањето е колку се верува во поранешниот напаѓач на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…