Унгарскиот голман Петер Гулачи оваа сезона пружа одлични партии во дресот на германски Лајпциг.
Овој 27-годишен голман е еден од најзаслужните за добрите резултати на овој клуб во изминатите две сезони, а добрите настапи би можеле да му донесат трансфер на кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, интерес за Гулачи покажува лондонски Челзи, меѓутоа ќе треба да ја победа конкуренцијата бидејќи за него се заинтересирани уште Реал Мадрид и ПСЖ.
Гулачи сигурно ќе има „слатки маки“ околу изборот, а германскиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Инетресно е дека Гулачи кариерата ја започна во Ливерпул, но на „Енфилд“ никогаш не доби вистинска шанса, а потоа преку Салзбург стигна до Лајпциг.