Дома Македонски спорт Мак фудбал Како „гром од ведро небо“ – Хуан Фелипе го раскинува договорот со Вардар!

Како „гром од ведро небо“ – Хуан Фелипе го раскинува договорот со Вардар!

Најдобриот играч од редовите на македонскиот актуелен шампион Вардар, Хуан Фелипе го напушта Вардар

Бразилецот заминува како слободен фудбалер, откако двете страни се договорија за раскинување на договорот. За медиумите се наведува дека Фелипе се враќа во татковината поради лични причини.

Заминувањето на Фелипе кој во Скопје пристигна од редовите на ЦСКА Софија секако ќе биде голем удар за тимот на Вардар.

Во медиумите се шпекулира и дека заминувањето на Фелипе и само почеток и дека до крајот на сезоната Вардар би можел да остане без скоро сите странци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Љуботен со четири гола ја завери есенската круна, Скопје 2014 остана на чекор

Тетовскиот тим ја совлада Речица со 4-0 и ќе презими како лидер во женското фудбалско прве…