Дома Фудбал Одлични вести за Валверде и Барса, еден од најважните на терен побрзо од очекуваното

Одлични вести за Валверде и Барса, еден од најважните на терен побрзо од очекуваното

Еден од најважните фудбалери на Барселона на теренот се враќа побрзо од очекуваното.

Играчот од средниот ред на Каталонците, Серхио Бускетс ќе биде спремен за натпреварот против Рома во Лигата на шампионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Каталонските медиуми, денес објавија дека Бускетс се опоравува побрзо од очекуваното и дека неговиот настап против Рома не е доведен во прашање.

Според првите најави се очекуваше Бускетс да паузира до првата недела на април и да го прескокне првиот натпревар против Италијанците, но сепак тој ќе биде спремен веднаш по репрезентативната пауза.

Не е исклучена можноста Бускетс да биде спремен и за натпреварот против Севиља на 30 март.

Иначе, на листата повредени покрај Бускетс е само уште Нелсон Семедо кој би требало да се врати кон почетокот на април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…