Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

По четврти пат во својата кариера, бекот на Мега, Стефан Синовец повторно ќе ја задолжи опремата на актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје.

По настапот за Мега во АБА лигата, Стефан Синовец потпиша договор до крајот на сезоната со „Штрковите“, каде веќе настапуваше три пати во изминатите неколку години.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Стефан Синовец пристигна во редовите на Мега пред почетокот на сезоната и во АБА лигата за 22,2 минути во игра во просек бележеше 9,4 поени, 3,1 скок и 2,6 асистенции.

Најдобрата партија ја понуди токму во последниот меч и победата против Игокеа со 99:87 каде беше близу трипл-дабл учинок со 11 поени, осум скока и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“: Вестбрук може да се пресели во Европа – ќе добие плата како никој друг!

Откако минатата година неочекувано испаднаа во втората рунда на плеј-офот, Денвер Нагетс д…