Дома Топ вести Револуција на Олд Трафорд: Мурињо ја отвора излезната врата за 10 фудбалери

Револуција на Олд Трафорд: Мурињо ја отвора излезната врата за 10 фудбалери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да прави комплетна реконструкција на тимот во текот на летниот преоден рок, бидејќи јавно потврди дека не е задоволен од постоечкиот кадар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мирор“ пренесува дека дури 10 фудбалер на лето ќе го напуштат „Олд Трафорд“ и дека Мурињо спрема комплента револуција.

Прв на листата е Лук Шо, скапо платениот бек кој влезе во конфликт со „Специјалниот“, па сигурно ќе биде продаден на лето. Дејли Блинд и Матео Дармијан исто така ќе го напуштат „Олд Трафорд“, додека Маруан Фелаини нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент.

Мајкл Карик најави крај на кариерата, додека Златан Ибрахимовиќ веќе потврди дека заминува на крајот на сезоната.

Покрај овие фудбалери кои сигурно заминуваат, неизвесна е иднината уште на Крис Смолинг, Хуан Мата, Андер Ерера и Ентони Марсијал, за кого интерес покажува Јувентус.

Весникот тврди дека во четвртокот Мурињо имал средба со генералниот директор Ед Вудворд и му ја претставил својата намера. Тоа значи дека раководството повторно треба да одобри 300 милиони евра за нова селекција, а дел од таа сума ќе биде финансирана со продажба на споменатите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…