Дома Фудбал Навивачите на Реал гласаа: Само не нив во 1/4 финалето!

Навивачите на Реал гласаа: Само не нив во 1/4 финалето!

Има правило кое ги наведува на вакви мисли, но желбата да не се сретнат преовладува и кај двете страни.

Утре е на програмата е ждрепката за ¼ финалето во Лигата на шампионите, па очекувано се прават анкети околу тоа кој со кого би сакал или не сака да игра.

Масимилијано Алегри неодамна потенцираше дека сака да ја избегне Барселона, но за прв фаворит го истакна Реал Мадрид, па јасно дека не би сакал да се сретне и со „кралевите“. Но и навивачите на Реал Мадрид не го посакуваат Јувентус.

Имено, тие се суеверени, Реал доби две финалиња во Лигата на шампионите против Јувентус, но во последните децении редовно беше елиминиран од италијанскиот претставник кога се играа два натпревари.

Јуве ги исфрлуваше неколку пати во времето на „Галактикосите“, ги доби и пред неколку години кога Мората го нокаутираше својот поранешен клуб на „Бернабеу“.

Поради тоа навивачите на „кралевите“ сакаат да го избегнат Јувентус кој како да знае да одигра подобро во два натпревари, иако Реал во минатогодишното финале во Кардиф покажа голем квалитет.

Како најповолен противник за Реал Мадрид во анкатата на „АС“ беше изгласан вториот италијански претставник помеѓу осумте најдобри, Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…