Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо, се сеќаваш ли што зборуваше за Фергусон – дали ти денес си тажен?

Мурињо, се сеќаваш ли што зборуваше за Фергусон – дали ти денес си тажен?

mou

Играчите и тренерите можеби забораваат, но медиумите не забораваат.

Главна тема овие денови во Англија е елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите каде што „ѓаволите“ на Мурињо беа поразени од Севиља (1:2).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо како да не беше премногу разочаран, а после поразот во јавноста излезе со изјава дека тоа е фудбалот, но воопшто животот, па од утре ќе сврти нов лист ќе продолжи понатаму.

Меѓутоа педантните Англичани успеаа да пронајдат изјава на Мурињо од 2004 година кога Порто го исфрли Манчестер Јунајтед. Тогаш Мурињо го предводеше Порто, а на другата страна седеше Сер Алекс Фергусон.

Фергусон по натпреварот не сакаше да му пружи рака на Португалецот, а изјавата кога по натпреварот ја даде тогашниот стратег на Порто денес се сврте против него.

„Го разбирам Фергусон и неговата емотивна реакција. На располагање ги има најдобрите фудбалери во светот. Мора човек да е многу тажен кога губи од тим кој има само 10% од буџетот на Манчестер“, зборуваше тогаш Мурињо.

Па, Мурињо дали си ти денес тажен?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…