Британската телевизија Скај го суспендираше поранешниот фудбалер на Ливерпул до крајот на сезоната за инцидентот во кој тој плукна девојче од 14 години низ прозорот на неговиот автомобил.
„Пред почетокот на наредната сезона ќе разговраме со Џејми за тоа дали е спремен да се врати на својата работа“, соопштија од „Скај“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карагер кој работи како стручен консултант во „Скај Спорт“ се извини после инцидентот.
Инцидентот се случи во саботата кога го легендарниот фудбалер го напушташе „Олд Трафорд“ каде што работеше за „Скај“ на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
На видео снимката се гледа како таткото на девојчето неколку пати го споменува резултатот од натпреварот во кој Јунајтед победи со 2:1, тоа го изнервира Карагер кој го отвори прозорот и плукна кон нив.
Карагер за „Скај“ работи од 2013 година.