Дома Фудбал Симеоне со насмевка: Подготвени за Локомотив, Атлетико комплетен

Симеоне со насмевка: Подготвени за Локомотив, Атлетико комплетен

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Јан Облак, Диего Коста и Кевин Гамеиро би требало да бидат подготвени за реванш мечот во рамки на Лига Европа против Локомотив Москва.

Тие тројца закрепнаа од повредите и тренираа денес со остатокот на тимот. Гамеиро имаше проблеми со мускулите на нозете, а за Коста се сомнева дека претрпел потрес на мозокот.

Облак изненадувачки се врати брзо на теренот, по проблем со мускулот, во неделата кога Атлетико на свој терен славеше над Селта со 3:0.

Инаку за потсетување, екипата на Диего Симеоне славеше во првиот меч против Локомотив во осминафналето на Лига Европа со резултат 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…