Дома Фудбал Германија Официјално: Новиот „Филип Лам“ стави потпис на договор со Баерн до 2023

Официјално: Новиот „Филип Лам“ стави потпис на договор со Баерн до 2023

kimih

После неколку месеци тешки преговори, Баерн успеа да обезбеди нов долгорочен договор со Џошуа Кимих!

Баварскиот гигант денес соопшти дека 23 годишниот универзалец ставил потпис на договор до 2023 година што е еден важен чекор во создавањето на тим за иднината. Пред Кимих соработката гигантот од Минхен ја продолжи и со Кингсли Коман исто така до 2023 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Кикер“ пишува дека деталите не биле спорни, туку должината на договорот. Со оглед на тоа дека се е завршено, очигледно Баерн го добил тоа што го сака.

Џошуа Кимих е фудбалер кого многумина го сметаат за наследник на Филип Лам. Двајцата потекнуваат од школата на Штудгарт, играат на иста позиција и се еднакво поливалетни. Исто така германските медиуми предвидуваат дека Кимих во наредните години ќе стигне и до капитенската лента.

Иако има само 23 години тој веќе собра повеќе од 100 настапи во Бундес лигата за Баерн и 25 за репрезентацијата на Германија, се очекува шанса да добие и на Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…