Дома Фудбал Останато Одлучни во намерата: Порто му нуди нова соработка на Касиљас

Одлучни во намерата: Порто му нуди нова соработка на Касиљас

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас, судејќи по се уште некое време ќе го носи дресот на Порто.

Овој 36-годишен голман оваа сезона покажа дека се уште не е старо грозје, а се појавија информации и дека би можел да го напушти „Драгао“ по истекот на договорот кој важи до јуни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, во Порто се одлучни да го задржат фантастичниот Касиљас, што најдобро потврдува изјавата на претседателот на клубот, Пинто да Коста.

„Сакам Касиљас да остане во клубот, но се е возможно. Тој е голем голман и многу даде за Порто откако пристигна во клубот. Ќе му понудиме нов договор и се надевам дека ќе пронајдеме заеднички јазик“, порача Да Коста.

Икер Касиљас пристигна во Порто во 2015. година од Реал Мадрид, а за португалскиот клуб бранеше на 105 натпревари. Интересно е што за време на неговиот престој во клубот, Порто не освои ниту еден трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…