Дома Трансфер зона Меси и обезбедува големо засилување на Барса од Баерн Минхен?

Меси и обезбедува големо засилување на Барса од Баерн Минхен?

messi alaba

Eкипата на Барселона на големо размислува за летниот преоден рок во кој сакаат дополнително да го засилат и освежат тимот.

Според пишувањето на „Дон Балон“ Каталонците се во потрага по лев бек бидејќи Жорди Алба практично е единствен играч за таа позиција.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поради тоа, шпанските медиуми тврдат дека Барселона тргнала во „лов“ на Давиде Алаба од Баерн Минхен, за кого претходно интерес покажа и Реал Мадрид.

Како што пишува „Дон Балон“, првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси веќе стапил во контакт со репрезентативецот на Австрија и го убедил сериозно да размислува за трансфер на „Ноу Камп“.

Сепак и доколку Меси навистина ја завршил работата и го убедил Алаба, останува договорот со Баерн Минхен кој тешко ќе сака да го пушти играчот кој има договор со 2021 година. За Барселона да ги убеди Германците да се откажат од услугите на Алаба сигурно ќе биде потребна сума од над 40-50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо ново, скапото засилување на Челзи сака да си оди

Челзи веќе неколку трансфер периоди по ред троши огромни средства за скапи засилувања, но …