Дома Фудбал Останато „Учителот удри по ученикот“: Тоа што го направи Мурињо е срамно!

„Учителот удри по ученикот“: Тоа што го направи Мурињо е срамно!

Холанѓанецот, Луис Ван гал не може да му прости некои работи на својот наследник на клупата на Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервјуто кое го даде за „Билд“, Луис Ван Гал му замери на Мурињо на односот кој го имал Португалецот кон Бастијан Швајнштајгер.

„Секако дека годините го направија своето и дека неговото тело можеби не можело да издржи некои напори кои ги бара Премиер лигата, но Швајни не заслужи таков третман. Всушност мислам дека проблемот не беше неговата физичка спремност, туку психичката состојба во која дојде поради односот на Мурињо кон него“.

„Според мене тоа е голем срам за Мурињо бидејќи Швајнштајгер е тип на човек кој безрезервно му се дава на тимот. Во светот постојат малку такви фудбалери. Толку посветеност во својата кариера сум видел само кај Лам, Коку, Луис Енрике и Ван Бомел“, изјави Ван Гал.

Да потсетиме, Ван Гал е вториот учител на Жозе Мурињо. После заминувањето на Боби Робсон од Барселона, Португалецот остана на „Ноу Камп“ да го учи тренерскиот занает од Холанѓанецот.

van gal and mou

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мареска сака играч на Челси од 110 милиони евра како прво засилување во Манчестер Сити

Енцо Фернандез е еден од четворицата играчи на Челси кои Енцо Мареска има желба да ги спои…