Дома Фудбал Репрезентации Аргентина без Икарди на Мундијалот?

Аргентина без Икарди на Мундијалот?

Според последните информации изгледа дека на Мундијалот наредното лето нема да го гледаме еден од најдобрите фудбалери во Европа оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што споменавме, според најновите информации од Аргентина, Мауро Икарди нема да биде во конкуренција за составот на Аргентина за наредното Светско првенство.

Хорхе Сампаоли наводно веќе донел одлука Икарди да не патува во Русија. Причина секако е преголемата конкуренција.

Овој 25 годишен фудбалер не игра често за репрезентацијата на Аргентина, само четири пати го облече дресот на националниот тим, а до сега не успеа да се запише во листата на стрелци.

Иначе оваа сезона игра одлично, постигна 18 погодоци во Серија А на 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѕвезди на Челси наместо на Мундијал се најдоа во улога во новиот филм на Мадона

Се случи нешто што малкумина го очекуваа – играчите на Челси, Кол Пaлмер и Жоао Педр…