Дома Македонски спорт Мак ракомет Нелоски повреден, заминува на минимум осум месеци рехабилитација!

Нелоски повреден, заминува на минимум осум месеци рехабилитација!

Македонскиот интернационалец кој го носи дресот на Кобург, Марко Нелоски заработи повреда на ногата, по што долг период ќе биде надвор од терените.

Како што е познато, тој ќе мора да замине на операција, што значи дека за него е крај на оваа сезона, со оглед на тоа дека лекарскиот тим предвиде осуммесечна рехабилитација за македонскиот ракометар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Марко ќе мора да замине на операција, а по истата ќе му треба доста долг период за одмор. Се надеваме ќе мине се во најдобар ред, иако ние за жал на Марко нема да можеме да сметаме во следните осум месеци“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар не запира, пред потпис е со уште еден српски ракометар!

Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ е пред трансфер во Вардар, дознава Mozzart Spor…