Дома Трансфер зона Ѕвездата на Милан ги загрижи навивачите со една изјава

Ѕвездата на Милан ги загрижи навивачите со една изјава

Франк Кеси е еден од најважните фудбалери во тимот на Џенаро Гатузо, но неговата изјава за Манчестер Јунајтед ги загрижи навивачите на италијанскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси е вистински „војник“ на теренот и затоа медиумите го споредуваат токму со Џенаро Гатузо. Меѓутоа во англиските медиуми деновиве се појави негова изјава каде вели дека неговиот сон е „да заигра за Манчестер Јунајтед“.

Меѓутоа, од миланскиот клуб веднаш се огласија и потврдија дека Кеси никогаш не дал интервју за англиските медиуми и дека таа изјава датира од времето кога беше играч на Аталанта.

21-годишниот Кеси минатото лето пристигна од Аталанта за сума од 28 милиони евра и веднаш почна да ги оправдува вложените средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…