Дома Фудбал Останато Нов инцидент во Солун: Одложен мечот помеѓу Олимпијакос и ПАОК, повреден е еден од ТРЕНЕРИТЕ (ВИДЕО)

Нов инцидент во Солун: Одложен мечот помеѓу Олимпијакос и ПАОК, повреден е еден од ТРЕНЕРИТЕ (ВИДЕО)

Почетокот на дерби средбата во Супер лигата помеѓу ПАОК и Олимпијакос, е одложен поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на домашниот тим.

Како и многупати досега, еден од дерби средбите во грчкиот шампионат нема да стартува на време.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фановите на ПАОК го погодија тренерот на Олимпијакос, Оскар Гарсија со ролна хартија по главата, поради што стратегот на актуелниот грчки шампион побара медицинска помош.

Грчките медиуми пренесуваат дека тренерот на Олимпијакос е погоден во левата слепоочница, а фудбалерите на гостинскиот тим веднаш се повлекоа кон соблекувалната.

Почетокот на мечот е одложен, а лекарите моментално го прегледуваат Оскар Гарсија така што на судиите и делегатите е да одлучат дали воопшто овој меч ќе се одигра.

Ваквиот расплет на настаните воопшто не им одговара на ПАОК кој на табелата во домашното првенство е лидер и е шест бодови во позитива во однос на Олимпијакос, на осум кола до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…