Бразилскиот фудбалер, Робињо неправосилно (одлуката не е стапена на сила) е осуден на девет години затвор кон крајот на минатата години за силување на 22 годишната Албанка во текот на неговата прослава на роденденот во Милано.
Новинарската агенција „АNASA“ oткри детали од ова злосторство во кое освен Робињо се обвинети уште петмина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Робињо покажал апсолутен презир додека жртвата била сексуално малтретирана“, се наведува помеѓу останатото во пресудата. „Исто така се додава дека Робињо гласно се смеел во текот на овој чин и ја понижувал жртвата“.
Жртвата во ноќниот клуб се забавувала со две пријателки, а Робињо помеѓу останатите таму бил со својата сопруга која ја однел во својот дом и се вратил во клубот.
Да потсетиме, Робињо правосилната пресуда ќе ја чека на слобода. Во минатото Робињо настапуваше за Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан…