Дома Фудбал Бартомеу: Меси е легенда и ова нема да му биде последен договор!

Бартомеу: Меси е легенда и ова нема да му биде последен договор!

Лионел Меси неодамна потпиша нов договор со Барселона до 2021 година, но претседателот на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу тврди дека тоа нема да биде последен договор за Аргентинецот.

Ако остане во Барселона до истекот на актуелниот договор, Меси ќе има 34 години, што значи дека и понатаму ќе му биде прерано да се пензионира од клупски фудбал.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на клубот, Бартомеу верува дека Меси не само што ќе му остане верен на клубот до завршување на овој договор, туку тој ќе потпише нов, за да се пензионира во дресот на Барселона.

„Ние сме клуб кој игра атрактивен фудбал а за тоа ви се потребни најдобрите играчи. И за среќа го имаме Меси, кој е најдобриот фудбалер во светот. Сакаме да го задржиме не само како играч, туку и како легенда на клубот. Тој има уште неколку години од договорот, но сигурен сум дека ова нема да му биде последен“, сигурен е Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…