Дома Трансфер зона Нова опција за Бензема – тргнува по стапките на Игуаин?

Нова опција за Бензема – тргнува по стапките на Игуаин?

Карим Бензема не е во најдобра форма, па медиумите во Шпанија на големо пишуваат за неговата следна дестинација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последен клуб кој се поврзува со францускиот напаѓач е италијански Наполи. Аурелио Де Лаурентис е спремен да го одврзе ќесето за да го задржи Маурицио Сари во Неапол, па за таа цел има намера да го доведе Карим Бензема.

Бензема е еден од најкритикуваните играчи на Реал Мадрид оваа сезона, па Италијанците тука ја гледаат својата шанса. Сепак, јасно е дека Французинот ќе биде тешка мисија.

Но, треба да се потсети дека Наполи веќе еднаш доведе напаѓач од Мадрид кој се покажа како пол погодок. Секако, станува збор за Гонзало Игуаин кој подоцна премина во редовите на Јувентус за сума од 90 милиони евра.

Напаѓачот на Реал Мадрид оваа сезона на 17 натпревари постигна само три погодоци во Примера, па јасно е зошто во Мадрид се незадоволни од неговите настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…