По разочарувачкиот настап во Лигата на шампионите, овие две екипи ќе се обидат да се извадат со добар настап во Лигата на Европа. Сепак и двата тима се одлични во домашните шампионати. Лајпциг е втор, а Наполи е лидер во Серија А и барем во домашните шампионати немаат проблеми сезонава.
Наполи е еден од фаворитите за трофејот
Наполи има неверојатна сезона, но само кога во прашање е Серија А. Оваа екипа во Италија е лидер на табелата и досега забележа 20 победи, 3 ремија и само еден пораз. Нападот е перфектен и постигна 54 гола, а моменталната форма е неверојатна. Имаат 8 лигашки победи во серија на кои постигнаа 19 гола, а примија само 5 гола. Ова доволно говори за формата на тимот и тоа е доволен знак за Наполи да биде фаворит на овој меч. Сепак, кога во прашање е Европа, оваа сезона Наполи е слаб. Во групната фаза на Лигата на Шампиони, Наполи заврши единствено пред Феенорд, а зад Манчестер Сити и Шајхтор. Навивачите беа разочарани, но Маурисио Сари некако се извади со одличните настапи во Серија А. Сега ќе се обиде да стигне што подалеку во Лигата на Европа, а според формата, квалитетот и потенцијалот, Наполи е еден од фаворитите за трофејот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи е фаворит и според букмејкерите и коефициентот за нивна победа е 2.10 во 10Bet.
Неискуството е голем проблем во Лајпциг
Ралф Хасенхутл, тренерот на Лајпциг кој заврши на третото место зад Порто и Бешикташ, а единствено пред Монако сака да стигне што подалеку во Лигата на Европа. Ова е историска прва евро сезона за овој тим и во Лигата на Шампиони се виде нивното неискуство во играње во групна фаза. Очигледно дека неискуството ќе биде проблем и во Лигата на Европа, но најавите од тимот се дека ќе се обидат што подолго да останат во Европа. Од друга страна Лајпциг во Бундеслигата е втор. Има солидна сезона иако во неколку наврати имаше големи падови во формата.
Лајпциг за овој дуел ќе биде посилен за Диего Деме и Марсел Сабицзер, кои ја пропуштија победата од 2:0 против во саботата против Аугсбург преку. Голем проблем за Хесенхутл е тоа што плејмејкерот Емил Форсберг останува надвор од стројот поради повреда на мускул.
Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk