Дома Фудбал Останато Германската легенда „удри“ по Буфон: Нека му каже некој да се повлече

Германската легенда „удри“ по Буфон: Нека му каже некој да се повлече

Вчерашниот настап на Џанлуиџи Буфон против Тотенхем придонесе многумина да сметаат дека легендарниот голман е спремен за повлекување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буфон прими два гола против Тотенхем, вториот од слободен удар и тоа во својот агол. Покрај тоа дел од фудбалската јавност му замерува на Буфон дека бил неодлучен при постогнувањето на првиот гол на Кејн.

„Некогаш не знаеме дека е време да се повлечеме, Некој тоа на Буфон треба да му го каже“, изјави Марио Баслер кој го коментираше натпреварот за германската телевизија.

„Јас се повлеков на 33 години“, се потсети поранешниот освојувач на ЕП 1996 година.

„Со ваков Буфон кој повеќе не е квалитетен голман Јуве не може да направи ништо“, тврди Баслер.

Меѓутоа Баслер заборави или пак не сакаше да спомене дека Буфон одбрани два зицери во првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…