Дома Фудбал Англија Мурињо повторно го „пецна“ Гвардиола: Можеби треба и јас повеќе да плачам….

Мурињо повторно го „пецна“ Гвардиола: Можеби треба и јас повеќе да плачам….

mouringo and guardiola

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, повторно го „пецна“ својот колега од редовите на најголемиот ривал, Пеп Гвардиола.

Гвардиола заедно со управата на Манчестер Сити во последно време вршеше притисок на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради како што смета тој преострите стартови над неговите играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот апелираше да се посвети поголемо внимание, а сега доби одговор од Мурињо кој реагираше откако во последниот натпревар на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез беше фаулиран дури 13 пати.

„Можеби тренерите би требало малку повеќе да плачат…Можеби и јас би требало да плачам повеќе за да ги заштитам своите играчи“, изјави Мурињо.

Португалецот додаде и дека тоа не е вистинскиот начин.

„Не сакам да го користам зборот „заштитиме“ бидејќи така изгледа како да зборуваме само за најдобрите, а на теренот сите играчи се исти“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат тренерска трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може  да направат смена на тренерите Ерик тен Хаг и Тома…