Селекторот на репрезентацијата на Алжир изјави дека Ријад Марез заслужува да игра во поголем клуб од Лестер.
Јануарскиот преоден рок за Марез беше навистина бурен. За услугите на алжирскиот фудбалер се интересираа бројни европски великани, а највеќе Манчестер Сити, меѓутоа до трансфер не дојде, бидејќи од Лестер бараа премногу пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Алжир, Мадјер за Гол изјави дека е свесен за ситуацијата на Марез, но го советува да се врати на тренинзите и да се врати на правиот пат.
„Марез моментално заслужува повеќе од Лестер, но не смееме да заборавиме дека клубот го изведе на вистинскиот пат. Потребни се сериозни разговори со оправата. Тој сака да замине во поголем клуб во Англија. Не знам што се случило со трансферот. Го советувам да тренира напорно, дури и кога трансферот не се реализираше.“ – изјави Мадјер.
Медиумите од Англија, од друга страна, тврдат дека Марез воопшто не сака да игра го крајот на сезоната и е одлучен во намерата да замине од клубот по крајот на сезоната.