Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на Шалке

Милан тргнува по ѕвездата на Шалке

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Шалке и германски репрезентативец, Макс Маер.

Маер има договор со Шалке до крајот на сезоната и се уште не го продолжил договорот со гермнаскиот клуб, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Калчомеркато“ открива дека „росонерите“ се силно заинтерсирани да го донесат на „Сан Сиро“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

За 22-годишниот офанзивен играч за врска интерес покажуваат многу европски клубови, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата, бидејќи го следи играчот од минатото лето.

Маер се уште нема донесено одлука дали да го продолжи договорот со Шалке, или како слободен агент да го напушти германскиот клуб на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…