Дома Останати Кошарка Неуништливиот „Даркенштајн“: Дирк Новицки уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА

Неуништливиот „Даркенштајн“: Дирк Новицки уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА

Дирк Новицки според многумина е најдобриот европски кошаркар на сите времиња, а изминатата вечер повторно го запиша своето име во историјата.

На популарниот „Диркенштајн“ му недостасуваа седум минути за да влезе во друштво на Карим Абдул Џабара, Карл Мелони, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс, кошаркари кои имаат над 50.000 минути на паркетот во НБА.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Легендарниот Германец ја игра својата 20 сезона во НБА лигата ,а претходно стана само шестиот играч со најмалку 30.000 поени на своето конто.

Исто така Дирк е единствениот кошаркар од Европа кој може да се пофали дека бил МВП во најсилната лига во светот, сопственик е скоро на сите рекорди во Маверкис, а воедно е и еден од 11 играчи кои се прогласени за МВП во регуларниот дел и во големото финале.

„Имав среќа да немам проблеми со повредите во поголемиот дел од својата кариера. Кога ќе погледнам што се им случува на многу кошаркари можам да кажам дека имав среќа“, изјави Новицки после големото достигнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со патика го блокираше ривалот: Човекот кој „го претепа“ Јокиќ изведе неверојатен потег на натпревар (Видео)

Шокантен потег изведе кошаркарот на Оклахома Алекс Карузо на натпреварот против Орландо. О…