Дома Фудбал Англија Венгер: Го пуштивме Жиру поради Мундијалот и децата

Венгер: Го пуштивме Жиру поради Мундијалот и децата

wenger

Менаџерот на Арсенал им откри на медиумите зошто дозволи Оливие Жиру да замине и да го засили Челси.

Според зборовите на Французинот тој имал намера да му излезе во пресрет на својот сонародник пред Светското првенство кое се игра наредното лето во Русија.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Жиру е популарен помеѓу фудбалерите и членовите на клубот. Сите бевме тажни кога заминуваше, но тој сакаше поголема минутажа со цел да добие повик во репрезентацијата на Франција за Светското првенство. Поради тоа му овозможив да замине“, изјави Венгер, за „Би-Би-Си“.

Менаџерот на Арсенал истакна дека не било лесно да се одбијат 20 милиони евра од Челси само затоа што тие биле понудени од градскиот ривал Челси.

„Веќе бевме договорени со Обамејанг, а Жиру има три мали деца кои не сакаа да го напуштат Лондон. Не беше лесно да се одбие Челси само поради ривалството помеѓу двата клуба“, зборуваше Венгер.

Жиру во Арсенал помина пет ипол сезони и на 253 натпревари постигна 105 погодоци, додека за репрезентацијата на Франција постигна 29 погодоци на 69 натпревари.

giround

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…