Дома Останати Кошарка Јокиќ за Вестбрук: Малку заспа…Ова е една од најдобрите асистенции во мојот живот (Видео)

Јокиќ за Вестбрук: Малку заспа…Ова е една од најдобрите асистенции во мојот живот (Видео)

jokic

Натпреварот против Оклахома, Никола Јокиќ сигурно ќе го памети како еден од најдобрите во кариерата.

Јокиќ во овој натпревар стигна до учинок од 29 поени, 13 скокови и 14 асистенции, а онаа последната како што кажува самиот сигурно една од најдобрите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Игравме добро во одбраната. Мислам дека Расел малку заспа, па Гери имаше прилика да се ослободи и да погоди. Ова сигурно е една од најдобрите асистенции во мојот живот“ изјави Јокиќ.

После погодениот шут следуваше вистинска еуфорија, некои навивачи на Денвер влегоа и на теренот.

„Ова беше важна победа бидејќи дојде после два тешки порази во кои промашувавме во последните моменти, немавме среќа иако игравме добро. Сега погодивме и тоа е навистина важно, беше лудо, атмосферата беше фантастична“, додаде Србинот.

И самиот Херис беше воодушевен од додавањето кое го доби.

„Џокер одлично ме пронајде. Ми даде шанса да имам добар поглед на кошот. Се чуствував одлично и знаев дека ќе влезе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…