Дома Фудбал Англија Дерби на денот: Тотенхем – Манчестер Јунајтед, најава, анализа и предлог тип

Дерби на денот: Тотенхем – Манчестер Јунајтед, најава, анализа и предлог тип

Дербито на 25-то коло во Премиер Лига се игра на Вембли во Лондон. Тотенхем – Манчестер Јунајтед, меч на две екипи од врвот на англискуот фудбал и меч кој е доста важен и за двата тима. Дуелот привлекува големо внимание на островот, а ние очекуваме голови и на двете страни и одлично деби на Санчез во лигата за Манчестер Јунајтед.

Спарс сезонава игра лошо против екипите од “Големата шестка”

Спарс ќе бие дешка битка до крајот на сезоната за да заврши на едно од првите четири позиции на табелата. Целта е пласман во Лигата на Шампиони, нешто на што навивачите на овој тим се навикнаа но оваа сезона тоа им оди многу потешко за разлика од предходно. Но за да се случи тоа, Тотенхем треба да го подигне нивото на игра против екипите од “Големата шестка”. Спарс досега сезонава на петте натпревари против екипите кои водат битка за Лигата на Шампиони освои само три бода. Тоа е причината што сега тие тимови се пред Спарс на табелата. Изгубија дома од Челзи, на гости од Манчестер Јунајтед, Арсенал и Сити и единствено го победија Ливерпул на Вембли. Тотенхем има серија од осум меча без пораз, но тие на последниот меч пред неколку дена во Купот одиграа само 1:1 со нисколигашот Њупорт.

Јунајтед е во одлична форма


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед победи на дури 69% од своите натпревари оваа сезона и се наоѓа на второто место во Премиер Лигата. Сепак Јунајтед се наоѓа во инзворедна форма. На последните 5 меча тимот на Мурињо постигна 5 чисти победи со неверојатна гол разлика од 12:0. Жозе Мурињо со право добива многу критики за својата претпазлива и затворена игра на големите натпревари, но тоа очигледно носи добри резултати. Додека Спарс се спасуваше од пораз против Њупорт во ФА Купот минатиот викенд, Јунајтед победи со леснотија, со 4:0 во Јеовил. Токму на тој меч се случи и дебито на Алексис Санчез, а овој фудбалер дефинитивно ќе настапи и на овој меч во Лондон.

Букмејкерите повеќе веруваат во Тотенхем

Единствената предност на Тотенхем на овој меч според нас е локацијата на одигрување на мечот. Сепак тоа изгледа е доволно според букмејкерите кои му ја доделија фаворитската улога на домаќинот. За победа на Тотенхем коефициентот во 10Bet е 2.25, што е помал од нашите очекувања. Од друга страна за победа на Манчестер Јунајтед коефициентот во истата обложувалница е 3.35. За реми коефициентот во 10Bet е 3.35.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladene.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…