Дома Тенис Аргентина го освои Дејвис купот

Аргентина го освои Дејвис купот

Тениската репрезентација на Аргентина го освои Девис купот прв пат во својата историја, откако во Загреб со пресврт ја совлада Хрватска со 3:2.

Решавачкиот поен за Аргентина го освои Федерико Делбонис кој во три сета го победи Иво Карловиќ.

Хуан Мартин дел Порто и Федерико Делбонис се заслужи за неверојатниот пресврт во Загреб, по кој Аргентина ја освои првата титула во Девис купот во својата историја.

Хрватите беа на една победа од освојувањето на титутла, но најпрвин Делпо, а потоа и Делбонис го шокираа Загреб.

Делпо против Чилиќ губеше 2:0, но успеа да победи 6:7, 2:6, 7:5, 6:4, 6:3. Охрабрен од големата победа на Делпо, Делбонис во последниот меч одигра совршено и во три сета го совлада Иво Карловиќ 6:3, 6:4, 6:2.

Инаку аргентинските тенисери имаа поддршка од легендарниот Диего Марадона, кој на крајот од финалето го доби рекетот на Дел Потро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…