Дома Фудбал Репрезентации УЕФА ја потврди казната: Хрватска против Англија пред празен стадион

УЕФА ја потврди казната: Хрватска против Англија пред празен стадион

hrvatska

Потврдена казната на Хрватите.

УЕФА уште еднаш ја потврди казната на Хрватска поради кукастиот крст на Пољуд во пресрет на натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2016 година против Италија. Поради тоа новото натпреварување, Лигата на нации ќе го започнат со празни трибини.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По враќањето од Светското првенство во Русија историскиот прв натпревар во првото коло од групата „А“ во Лигата на нации Хрватите ќе го играат без присуство на навивачи.

Имено, дисциплинската комисија на УЕФА уште од 2016 година го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со одземање на еден бод, 100.000 евра и два натпревари во УЕФА натпреварувањата без публика.

Денес УЕФА потврди дека натпреварот помеѓу Хрватска и Англија во Лигата на нации ќе биде одигран пред празни трибини.

„Потврдуваме дека натпреварот помеѓу Хрватска и Англија во Лигата на нации ќе биде одигран пред затворен стадион“, стои во официјалното соопштение од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…