Дома Фудбал Англија Гвардиола со порака до ФА: Фудбалерите се уметници, ве молам заштитете ги

Гвардиола со порака до ФА: Фудбалерите се уметници, ве молам заштитете ги

Каталонецот бесен после новата повреда во неговиот тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола упати јавна порака до ФА после новата повреда на неговиот фудбалер.

Лирој Сане ќе мора да оди на подолга пауза откако во натпреварот од ФА купот против Кардиф заработи повреда на зглобот.

„Единствената работа за која тие треба да се грижат е да ги заштитат фудбалерите. Не само на Манчестер Сити, туку сите фудбалери. Заштитете ги ве молам вас, вакви работи не треба да се повторуваат. Фудбалерите се уметници и треба да се грижиме за нив. Секој тим може да игра како што сака, но тука се судиите за тоа да го дозволат или запрат“ , изјави Пеп.

Се уште не е познато колку Сане ќе пазуира, но јасно е дека го чека подолга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …